ISO 639-2
From Wikipedia, the free encyclopedia
ISO 639-2:1998, „Кодови за претставување на имињата на јазиците — Дел 2: Алфа-3 код“, е вториот дел од ISO 639 стандардот, кој пропишува кодови за претставување на имињата на јазиците. Во овој дел од стандардот се дадени трибуквени кратенки наречени „Алфа-3“ кодови. Списокот на ISO 639-2 кодови има 464 записи (јазици).
Регистарската служба задолжена за ISO 639-2 (наречено ISO 639-2/RA) Библиотека на конгресот. Како надлежен орган, библиотеката прима и разгледува предложени измени; установата е претставена и во Здружената советодавна комисија за ISO 639-RA која е одговорна за кодните табели на ISO 639.
На ISO 639-2 стандардот почнало да се работи во 1989, од причина што ISO 639-1 стандардот со двобуквени кратенки немал капацитет за сите јазици. ISO 639-2 стандардот е објавен за првпат во 1998.