Tеритории окупирани од Русија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Русија е вклучена во територијални спорови со голем број други постсоветски држави. Овие спорови се првенствено аспект на постсоветските судири и довеле до тоа некои земји да загубат делови од нивната суверена територија на она што голем дел од меѓународната заедница го означува како руска воена окупација. Како такви, овие земји најчесто се опишуваат како територии окупирани од Русија, без оглед на тоа каков е нивниот статус во рускиот закон. Терминот се применува на Грузија (во Абхазија и Јужна Осетија ), Молдавија (во Приднестровие) и Украина (во Крим, Донечката област, Во Украина:Луганската Област, Херсонската област и Запорошката Област).
Дополнително, Русија и Јапонија се вмешани во спорот за Курилските Острови поради наследството на Русија во 1991 година над четирите најјужни Курилски Острови, за кои Јапонија тврди дека е сопственост од 1945 година.