Билборд (магазин)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Билборд е неделен американски магазин посветен на музичката индустрија, а воедно е и еден од најстарите професионални магазини во светот. Магазинот има меѓународно признати музички листи кои ги рангираат најпознатите песни и албуми во различни категории на неделно ниво. Двете најпознати музички листи на овој магазин се „Билборд Хот 100“ која ги рангира најдобрите 100 песни разделени по жанрови, а позициите се засноваат на физичката продажба, дигиталната продажба и емитувањата на радио и вотрата листа е „Билборд 200“, соодветната табела за продажба на албуми.