Втора светска војна
светски вооружен судир помеѓу 1939-1945 / From Wikipedia, the free encyclopedia
Втора светска војна или II (2) светска војна — глобален вооружен конфликт што почнал на 7 јули 1937 година во Азија и на 1 септември 1939[1] во Европа и траел до 8 мај 1945 во Европа со капитулацијата на Германија, а до 2 септември 1945 во Азија со капитулацијата на Јапонија. Втората светска војна ги зафатила мнозинството на земји во светот на секој населен континент. Речиси сите земји што биле вклучени во Првата светска војна биле инволвирани и во Втората светска војна. Таа е најголемиот и најскапиот вооружен конфликт во светската историја.
Втора светска војна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Во правецот на стрелките на часовникот од најгоре, лево: Трупи на Комонвелтот во пустината; Кинески цивили закопувани живи од јапонски војници; Советски сили за време на зимска офанзива; Јапонски авиони се подготвуваат да полетување од брод-носач; Советски трупи се борат во Берлин; Германска подморница под напад. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Сојузници | Сили на оската | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Водачи на сојузниците | Водачи на силите на оската | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
Мртви војници: Преку 14.000.000 Мртви цивили: Преку 36.000.000 Вкупно: Преку 50.000.000 ...повеќе детали. | Мртви војници: Преку 8.000.000 Мртви цивили: Преку 4.000.000 Вкупно Преку 12.000.000 ...повеќе детали. |
Причините за војната, кои најчесто се припишуваат на Версајскиот договор, Големата криза од 1929, национализмот и милитаризмот, се предмет на дебати. На кој датум војната започнала е исто така предмет на расправа, најчесто се смета дека таа официјално започнала со германската инвазија на Полска на 1 септември 1939, но исто така се наведуваат и други датуми - јапонската инвазија на Кина на 7 јули 1937 (почетокот на Втората Кинеско-јапонска војна), или уште порано - во 1931 со јапонската инвазија на Манџурија. Некои, пак, сметаат дека Првата и Втората светска војна се еден конфликт раздвоен само со "прекин на огнот".
Борби се воделе низ Атлантскиот Океан, Западна и Источна Европа, Средоземно Море или Медитеранот , Африка, Блискиот Исток, Источна, Тихиот Океан или Тихиот Океан и Југоисточна Азија. Во Европа војната завршила со капитулацијата на Германија на 8 мај 1945, а во Азија со капитулацијата на Јапонија на 2 септември 1945.
Се претпоставува дека до 1945 година околу 57 милион луѓе загинале во војната, вклучувајќи геноцид како што е Холокаустот. Втората светска војна е пример за тотална војна, каде што се вклучени и фронтот и бомбардирањето на цивили. Атомската бомба, млазниот авион и радарот се само некои од изумите за време на војната.
Поствоена Европа била поделена на Западна и Советска сфера на влијание. Првата доживеала економска реконструкција преку Маршаловиот план, додека пак источните земји станале сателити на СССР. Во воена смисла, Западна Европа, во најголем дел била инкорпорирана во НАТО, а Источна Европа во Варшавскиот пакт, сојузи меѓу кои се водела подоцна Студената војна. Во Азија, американската воена окупација на Јапонија довела до нејзина вестернизација, додека пак Кина била поделена на комунистичка Народна Република Кина и националистичка Република Кина (Тајван) по кинеската социјалистичка револуција во 1949.