Генитив
падеж / From Wikipedia, the free encyclopedia
Генитив (исто така и генетив, од латинското genetivus - (кој потекнува) од (по)род, природен), еден од најважните и најчесто употребуваните падежи во современите индоевропски јазици. Се претпоставува дека тој е еден од осумте оригинални (првични) падежи во индоевропскиот прајазик. Со развојот на индоевропските јазици генитивот добил и многу нови значења за сметка на првобитните. Македонскиот јазик со напуштањето на синтетичната деклинација го загубил и генитивот, освен во некои присвојни придавки.