Данкан Едвардс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Данкан Едвардс (англиски: Duncan Edwards) (1 октомври 1936 година – 21 февруари 1958 година) бил англиски фудбалер кој играл за Манчестер Јунајтед и Англиската репрезентација. Тој бил еден од „Базбиевите Бебиња“, младиот тим на Јунајтед формиран од менаџерот Мет Базби во средината на 50-тите години од 20 век и еден од осуммината играчи кои починале во минхенската авионска несреќа.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Данкан Едвардс | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 октомври 1936(1936-10-01) (87 г.) | ||
Роден во | Дадли, Англија | ||
Починал на | 21 февруари 1958(1958-02-21) (возр. 21) | ||
Починал во | Минхен, Западна Германија | ||
Висина | &100000000000001800000001,80 м | ||
Позиција | крило | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1953–1958 | Манчестер Јунајтед | 151 | (20) |
Репрезентација ‡ | |||
1955-1958 | Англија | 18 | (5) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2012 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 јануари 2012 |
Роден во Дадли, Едвардс потпишал за Манчестер Јунајтед како тинејџер и станал најмладиот играч кој играл во Првата англиска дивизија, а потоа и најмладиот англиски репрезентативец по Втората светска војна. Во професионалната кариера која траела помалку од пет години, тој му помогнал на Јунајтед да освои две титули во Првата англиска лига и да стигне до полуфиналето на Европскиот куп.