Евроазија
континент / From Wikipedia, the free encyclopedia
Евроазија — најголемото едноделно тло на Земјата, со површина од 54.000.000 км2 споредено со Америка (околу 42.000.000 км2), Африка (околу 30.000.000 км2), Антарктикот (околу 13.000.000 км2) и Океанија (9.000.000 км2). Во неа спаѓаат два континента—Европа и Азија. Населението брои некаде 4.611.307.438 — повеќе од 70% од вкупното светско население.