Електрична моќност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Електрична моќност е дефинирана како однос од потрошената или пренесената електрична енергија и времето потребно за,таа да се потроши односно пренесе. Во системот SI мерка за моќност е Ват W (Вт).
Кога електричната струја тече во коло во кое постои отпорност, таа извршува работа. Уредите ја претвораат оваа работа во многу корисни форми како што е топлина, движење или звук. Електричната енергија може да се произведе со помош на генератори или да се земе од извор како што е батерија.