Вулкански избув
исфрлање на лава и тефра од вулкански отвор / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вулкански избув или вулканска ерупција – исфрлање на лава, пирокластичен материјал, пепел, лапили, вулкански бомби, вулкански блокови и разни гасови од вулкан. Според класификацијата на вулканолозите постојат неколку вида вулкански избуви. Често истите се именувани според познати вулкани, односно според настаните кои дале пример за класификацијата. Некои од вулканите за време на својата активност покажуваат само еден карактеристичен вид избув, додека други можат при една избувна случка да покажат одлики од повеќе вида.