Заб
From Wikipedia, the free encyclopedia
Забите (лат. dentes) се цврсти структури, сместени во забни јамички (алвеоли) на горната и долната вилица од устата. Тоа се структури кои се наоѓаат во вилиците на многу ’рбетници. Во дигестијата учествуваат со механичкото ситнење на храната, а кај некои животни, особено кај месојадните животни, се користат како оружје.
- Катниците (molares) се користат за мелење на храна.
- Очниците (canines) (кучешки заби) се користат за сечење на храна. Ги има само кај месојадци.
- Преткатниците (praemolares) се слични на катниците, но се помали и понекогаш се нарекуваат „мали катници“.
- Секачите (incizors) се користат за сечење на храна.
Палеонтолозите ги користат забите на цицачите да ги идентификуваат фосилните видови нивните односи. Обликот на забите е поврзан со исхраната на животното, како и со неговото еволутивно потекло. На пример, растителните материи се тешки за варење, така што тревопасците имаат повеќе катници за џвакање. На месојадците им се потребни секачи за да убиваат и да раскинуваат, и бидејќи месото е лесно за варење, тие може да голтаат без да имаат потреба од катници за разџвакување на храната.
Типови забни ткива
Кај луѓето
- Глеѓ (емајл) е цврст надворешен слој кој се состои од калциум и фосфат.
- Дентин е внатрешниот слој, главнината на забот.
- Пулпа е јадрото, кое содржи нерви и крвни садови.
- Цемент е тенкиот слој околу коренот; коскен материјал кој ги поврзува забите со вилицата.
Се разликуваат две генерации на заби: млечни и трајни. Млечните се 20 на број и се појавуваат меѓу 6 и 12 месец од животот. Постојаните се 32 на број и ги заменуваат млечните меѓу 6-та и 8-мата година. На секоја вилица се распоредени по 16 заби, односно по 8 на секоја половина. Забите се разликуваат по формата, бројот и функцијата. Врз основа на функцијата што ја имаат во варењето, поделени се на: секачи (4), кучешки (2), преткатници (4) и катници (6).
Додека луѓето имаат две генерации на заби, некои животни имаат многу повеќе: на ајкулите им расте нова генерација на заби секои две недели. На некои други животни им расте само една генерација заби. Забите на глодачите растат и се трошат постојано преку глодањето на животнотот, одржувајќи постојана должина.