Исак Њутн
англиски физичар и основопоожник на современата класична физика / From Wikipedia, the free encyclopedia
Исак Њутн (англиски: Sir Isaac Newton; 25 декември 1642, Вулсторп крај Колстерворт - 20 март 1727, Лондон) — англиски физичар, математичар, астроном, филозоф и алхемичар е еден од највлијателните научници на сите времиња. Неговата книга, издадена во три тома, „Математички принципи на природната филозофија“, за првпат објавена во 1687 година, ги поставува темелите на класичната механика. Ова дело ја опишува универзалната гравитација и трите закони на движење. Делото претставува основа на класичната (Њутнова) механика и служи како пример за настанување и развивање на други модерни физички теории.
Исак Њутн | |
---|---|
Роден(а) | 25 декември 1642(1642-12-25) Вулсторп крај Колстерворт Линколншир, Англија |
Починал(а) | 20 март 1727(1727-03-20) (возр. 83) Англија |
Живеалиште | Англија |
Полиња | физика, математика, астрономија, алхемија |
Потпис |
Њутн, исто така, дава значајни придонеси кон оптиката. Тој е првиот кој конструира телескоп – рефлектор и открива дека со пропуштање на бела светлина низ стаклена призма, таа се разложува во сите видливи бои. Освен придонес кон оптиката, тој е заслужен и за развојот на диференцијалната анализа истовремено со Готфрид Вилхелм Лајбниц (германски научник). Иако Њутн го разработил својот метод неколку години пред Лајбниц, тој немал скоро ништо објавено сè до 1693 година, а потполен увид дал дури во 1704. Поради ова постоела расправија помеѓу двајцата научници која траела сè до смртта на германскиот научник во 1716.