Лајв ејд
добротворен концерт одржан во 1985 г. / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лајв ејд (англиски: Live Aid) е глобален, музички рок-концерт, одржан на 13 јули 1985 година. Настанот бил организиран од страна на Боб Гелдоф и Миџ Ур, со цел да се соберат средства за надминување на гладот во Етиопија. Наречен "глобален џубокс", настанот бил одржан истовремено на стадионот Вембли во Лондон (со посетеност од 82,000 лица) и на стадионот ЏФК во Филаделфија (со посетеност од околу 99,000 лица). Истиот ден, поттикнати од иницијативата, концерти се одржале и во други земји, како на пр.: Австралија и Германија. Овој настан се смета за еден од најгледаните сателитски и телевизиски преноси на сите времиња; по проценка околу 400 милиони гледачи, од 60 различни земји, го следеле преносот во живо.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Кратки факти Лајв ејд ...
Лајв ејд | |
---|---|
Локација | Лондон, Филаделфија |
Години активност | 1985 |
Основачи | Боб Гелдоф и Midge Ure |
Датум | 13 јули 1985 |
Жанр | Поп-музика, Рок-музика |
Портал | Live 8 Site |
Затвори