Ислам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Исламот (арапски الإسلام, al-’islām; се изговара: [ɪs.ˈlæːm]ⓘ — значи: „потчинување“, „предавање“ или „покорување“ [кон Бога][1]) е монотеистичка религија која се вбројува во аврамските религии и е втора религија по распространетост во светот. Следбениците на оваа религија се нарекуваат муслимани[2] или мухамеданци[3]. Муслиманите веруваат дека Бог ја предал својата божествена реч во облик на откровенија преку разни пророци и дека Мухамед бил последниот Божји Пратеник. Исламот најдобро се дефинира според Куранот кој за муслиманите е безгрешна реч предадена од Алах на Мухамед. Според исламските научници исламот се дефинира како систем на закони и распореди за олеснување на човечкиот живот и прифаќање на Бог како создател.
Дел од темата |
Верувања и обичаи |
Божје единство |
Главни дејци |
Мухамед |
Текстови и Закони |
Куран • Хадис • Шеријат |
Гранки на исламот |
Социополитички аспекти |
Академци • Филозофија |
Поврзано |
Исламски лексикон |