Национален јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Национални јазик — јазикот што го говори една организирана група луѓе (народ, нација). Овој јазик е природен и се формирал долг временски период. Јазикот се јавува спонтано од потребата луѓето да ги разменат своите мисли и чувства. Секоја организирана заедница создава свои знаци и развива свој специфичен јазичен систем.
На пример, зборот „не“ во македонскиот јазик е негација, во грчкиот јазик е потврдна честица, а во албанскиот е заменка за 1.л.множина. Секоја од овие заедници постигнале различен договор што кај нив ќе значи зборот „не“. И гестовите во различни заедници може да бидат различни. За истиот збор (не) кај нас се одмавнува со главата (лево-десно), додека кај бугарскиот народ гестот за негација е со движење на главата горе-долу (како кај нас кога се потврдува).
Покрај природните (национални) јазици во светот се создавале и вештачки јазици. Обично тие се создавани од еден човек за полесна комуникација на луѓето од различни заедници. Најпознати вештачки јазици се: есперанто и интерлингва. Иако идејата за заеднички, општочовечки јазик е убава, сепак, во практиката таа не се оствари, туку англискиот јазик сè повеќе се наметнува со таква улога.
Националниот јазик е јазикот што го употребуваат сите припадници на една нација во својата држава, но и надвор од неа. Македонскиот јазик, освен во Македонија го говорат и Македонците во Егејска Македонија и Пиринска Македонија, во Австралија, Канада, САД и секаде каде што ги има.