Независност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Независноста е суверено владеење на нација, територија или држава од нејзините граѓани или популација, кои ја практикуваат Сувереноста. Терминот некогаш се користи и во блага смисла да се изрази контраст на хегемонијата, односно индиректна контрола на помоќна врз послаба нација.
Независноста може да биде почетен статус на ново-настаната нација (често пополнувајќи политичка празнина), но често претставува еманципација од претходна доминантна сила. Може да се спори околу дефиницијата дека Независноста е негативна дефиниција: состојба во која не постои надворешна контрола преку колонијализам, експанционизам или империјализам.
Независноста може да се стекне преку де-колонизација, одделување или одчленување.