Ролинг стоун
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ролинг стоун (англиски: Rolling Stone) — списание со седиште во САД, посветено на музиката, политиката и популарната култура. Излегува на секои две седмици. Ролинг Стоун бил основан во Сан Франциско во 1967 година од страна на Џан Венер (кој сѐ уште е уредник и издавач) и музичкиот критичар Ралф Ј. Глисон.[3]
Уредник | Џен Венер Вил Дана (главен уредник) |
---|---|
Честота | Bi-weekly |
Циркулација | 1.4 милиони[1][2] |
Издавач | Џен Венер |
Прво издание | 9 ноември 1967 |
Компанија | Wenner Media LLC |
Држава | САД |
Заснован во | Њујорк |
Јазик | англиски |
Вебсајт | rollingstone.com |
За да го основа весникот, Венер позајмил $7,500 од членовите на неговата фамилија и од фамилијата на неговата тогаш идна жена Џејн Шинделхејм.[4] Првото издание било објавено на 9 ноември 1967 година.[5]
Списанието е познато по неговите насловни почнувајќи од 1970-тите, со енигматскиот и контроверзниот гонзо новинар Хантер С. Томпсон. Магазинот Ролинг Стоун го сменил форматот во 1990-тите како обид да допре до помладите читатели,[6] кои најчесто биле фокусирани на телевизијата или на филмските глумци и поп-музиката. Ова довело до критики дека магазинот го нагласува стилот пред статистиките.[7] Магазинот продолжил со традиционалните содржини, вклучувајќи и политички приказни и неговиот промет е доста зголемен.