Соѕвездие
определена површина на небесниот свод / From Wikipedia, the free encyclopedia
Соѕвездие — група на ѕвезди кои изгледаат како да се физички блиску на небото. Ѕвездите од едно соѕвездие се често многу далеку една од друга, но гледано од Земјата, изгледаат како да се блиску. Овој термин често се користи за да означи група од ѕвезди кои создаваат некаква форма на небото. Во различните култури, соѕвездијата може да се различни, односно една иста ѕвезда може да се најде во различно соѕвездие. Како и да е, модерната астрономија го користи терминот за да го означи методот на поделба на небото во 88 сектори со точни граници.
Оваа статија се однесува на група ѕвезди. За други значења на поимот, погл. Соѕвездие (појаснување).