Планета
From Wikipedia, the free encyclopedia
Планета (од старогрчки: πλανήτης, „скитници“) — тело со соодветно голема маса што кружи околу некоја ѕвезда и не произведува енергија низ јадрено соединување,може да биде составена од карпи, метал, течност, гас или комбинација од овие елементи. Планетите не создаваат светлина, туку ја рефлектираат светлината од својата ѕвезда. Пред последната деценија од XX век само девет планети беа познати од кои осум се во нашиот Сончев Систем). На 3 ноември 2004 беа познати 133 планети, сите надвор од Сончевиот Систем (со исклучок на осумте) уште познати како вонсончеви планети (егзопланети).
Во нашиот Сончев Систем има осум планети и тоа: Меркур најблизок до сонцето, Венера втора планета до сонцето, нашата планета Земја која е трета, Марс после Земјата, Јупитер петти, Сатурн шести, Уран седми и осми Нептун. Ако Јупитер само малку се подзагрее тој може да стане и второ сонце во нашиот сончев Систем. Бидејќи Плутон е најоддалечен од сонцето и е најмала планета, тој не се смета за планета туку за џуџеста планета.
Осумте планети во Сончевиот Систем: Меркур, Венера,Земја,Марс,Јупитер, Сатурн,Уран и Нептун.Сега еве ги распоредени по оддалеченост со нивниот број на месечини.
- Меркур, без ниедна месечина
- Венера, без ниедна месечина
- Земја, со една месечина
- Марс, со две месечини
- Јупитер, со 63 месечини
- Сатурн, со 62 месечини
- Уран, со 27 месечини
- Нептун, со 13 месечини