Грб на Кенија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грбот на Кенија е усвоен 1963 година.
Се состои од традиционален источноафрикански штит со две копја кои прикажуваат два лава, кои симболизираат заштита. Штитот исто како и копјето симболизираат одбрана и слобода. Бојата на штитот претставува:[1]
- црна - народот на Кенија
- зелена - земјоделството и природните богатства
- црвена - борба за слобода
- бела - единство и мир
Во средишниот дел на штитот се наоѓа петел кој држи секира. Под штитот се наоѓа силуета на Маун Кенија и земјоделските производи: кафе, сисал, чај, пченка, и ананас. Под тоа се наоѓа црвена лента со државното мото: „Работиме заедно“.