Мека моќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во политиката (и особено во меѓународната политика ), меката моќ е способност е способност да се влијае на однесувањето на другите преку привлекување (за несвесно и доброволно) да ги посакуваат резултатите кои вие ги посакувате. Ова е спротивно на концептот на присилување (концепт на тврда моќ). Меката моќ потекнува од културните вредности, политичките вредности и надворешната политика. Во 2012 година, Џозеф Нај од Универзитетот Харвард објаснил дека кај мека моќ, „најдобра пропаганда е да нема пропаганда“, и објаснил дека за време на информатичката ера, „кредибилитетот е најоскуден ресурс“.[1]
Терминот за прв пат бил употребен од Нај во неговата книга од 1990 година, „Предодредена да води: Променливата природа на американската моќ“.[2] Во оваа книга тој напишал: „кога една земја ќе ги натера другите земји да го сакаат она што таа го сака, ова може да се нарече привлечна или мека моќ, за разлика од тврдата или командната моќ кога таа им наредува на другите да го прават она што таа го сака“.[3] Концептот бил доразвиен во неговата книга од 2004 година, „Мека моќ: Средства за успех во светската политика“.[4]