Рики Рубио
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рикард Рубио Вивес (роден на 21 октомври 1990, во Ел Масноу, Барселона), попознат како Рики Рубио, е шпански кошаркар, плејмејкер на Финикс Санс и на шпанската кошаркарска репрезентација.
|
Рубио станал најмладиот играч што заиграл во шпанската АЦБ лига, дебитирајќи за екипата на Ховентут Бадалона на 15 октомври 2005 година, на возраст од само 14 години.[1][2] Своето деби во Евролигата го направил на 24 октомври 2006 година, на 16-годишна возраст, со што станал првиот играч роден во 90-тите години, кој играл во натпревар од Евролигата.[3] На 25 јуни 2009 година, тој бил драфтуван како петти пик во првата рунда на НБА Драфтот 2009 од страна на Минесота Тимбервулфс,[4] што го прави првиот играч роден во 90-тите години кој бил драфтуван во НБА. На 31 август 2009 година, Ховентут ги разменил правата над Рубио со Барселона,[5] и тој следниот ден потпишал шестгодишен договор со Барселона.[6] Во 2011 година, Рубио им се приклучил на Минесота Тимбервулфс,[7] и поминал шест сезони во клубот пред да биде разменет во Јута Џез во јуни 2017. Во јули 2019, тој бил разменет во Финикс Санс.
За шпанската репрезентација Рубио дебитирал во 2008 година, а со неа бил победник на две Европски првенства во 2009 и 2011, како и на Светското првенство 2019 на кое бил избран и за МВП.