Јоханес Кеплер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јоханес Кеплер (германски: Johannes Kepler, 27 декември 1571 – 15 ноември 1630 ) — германски математичар, астроном и астролог и клучна фигура во астрономската револуција на 17 век. Тој е најпознат за неговите закони за планетарно движење, кодифицирани од други астрономи според основата на неговите дела „Нова астрономија“, „Хармонии на светот“ и „Епитом на Коперниковата астрономија“.
Јоханес Кеплер | |
---|---|
Портрет од 1610 на Јоханес Кеплер од непознат уметник | |
Роден(а) | 27 декември 1571
Вајл дер Штат кај Штутгарт, Германија |
Починал(а) | 15 ноември 1630
Регенсбург, Баварија, Германија |
Живеалиште | Баден-Виртемберг; Штаерска; Чешка; Горна Австрија |
Полиња | астрономија, астрологија, математика и природонаука |
Установи | Универзитет на Линц |
Образование | Тибингенски универзитет |
Познат по | Кеплерови закони за планетарно движење |
Потпис |
Пред Кеплер, планетарните орбити били пресметувани преку комбинации на кружните движења на небесни сфери. По Кеплер, астрономите го смениле своето внимание кон орбитите - патишта кои можат математички да се претстават како елипси.[1][2][3] Кеплеровите закони исто така овозможиле една од основите на теоријата на Исак Њутн за универзална гравитација.
За време на неговата кариера, Кеплер бил учител по математика во семинарско училиште во Грац, Австрија, асистент на астрономот Тихо Брахе, дворскиот математичар на императорот Рудолф II; математичар во Линц, Австрија и советник на генералот Алберт фон Валенштајн. Тој исто така извршил голем придонес на полето на оптиката, измислил подобрена верзија на рефрактирачкиот телескоп (Кеплеров телескоп) и помогнал да се легитемизираат телескопските пронајдоци на уште еден научник од неговата генерација, Галилео Галилеј.
Кеплер живеел во доба каде немала јасна граница меѓу астрономијата и астрологијата, но имало голема поделеност на астрономијата на две гранки - математичка и физичка (гранка на попрестижната дисциплина природонаука). Кеплер вовел и религиозни аргументи и појаснувања во неговите дела, мотивиран од религиозната осуда дека Бог го создал светот со интелигентен план кој е прифатлив преку природната светлина на разумот.[4] Кеплер ја опишал неговара нова астрономија како „небесна физика“,[5] како „екскурзија во аристотеловата Метафизика“ ,[6] и како „додаток на делото За небото“, исто така на Аристотел,[7] трансформирајќи ја античката традициjа за физичка космологија со третирањето на математиката како дел од универзалната математичка физика.[8]