Арарат
планина во Турција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Арарат (турски: Ağrı Dağı, ерменски: Արարատ) — заспан вулкански масив и највисока планина во Турција и сета Ерменска Висорамнина. Има два врва: Голем Арарат (5.137 м) и Мал Арарат (3.896 м). Масивот има пречник од околу 40 км, а иранско-турската граница минува источно од Мал Арарат.
Кратки факти Арарат, Највисока точка ...
Арарат | |
---|---|
Ağrı Dağı / Արարատ | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 5137 м |
Истакнатост | 3611 м 48-ма |
Заведена како | највисок во земјата, ултра |
Друго име | Ağrı Dağı / Արարատ |
Географија | |
Место | најблизок град: Догубајазит, Агри, Турција[1] |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | 1840[2] |
Искачување | |
Прво освојување | 1829 Фридрих Паро и Хачатур Абовјан[3] |
Затвори
Според Библијата, во „горите на Арарат“ застанала арката на пророкот Ное откако стивнал Светскиот потоп.
Планината зазема значајно место во ерменската култура и големоерменските идеи, и е претставена е на грбот на Ерменија.