Астурски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Астурскиот (asturianu или bable) е романски јазик, дел од големата група на западноромански јазици. Астурскиот и леонскиот јазик ја сочинуваат групата на астурско-леонски јазици. Денес се проценува дека астурскиот јазик го зборуваат околу 100,000 луѓе како мајчин јазик, и околу 450,000 луѓе како втор јазик.[2] Стандардниот астурски јазик се заснова на централноастурските дијалекти. Регулативното тело на јазикот е Академијата на астурскиот јазик.[3] Астурскиот не е службен јазик, туку е заштитен со закон и неговото изучување во училиштата е опционално.[4]
Кратки факти Астурски јазик, Застапен во ...
Астурски јазик | |
---|---|
Астуролеонски јазик asturianu, bable | |
Застапен во | Шпанија |
Подрачје | Астурија[1] Кастиља и Леон Кантабрија |
Говорници | 110.000 e17 450,000 како втор јазик (1994) |
Јазично семејство | индоевропско
|
Дијалекти | |
Писмо | латиница |
Статус | |
Регулативен орган | Академија на астурскиот јазик |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | ast |
ISO 639-3 | ast |
Linguasphere | 51-AAA-ca |
Јазична карта на астурскиот јазик. |
Затвори