Африканс
западногермански јазик што се говори претежно во Јужноафриканската Република / From Wikipedia, the free encyclopedia
Африканс (изворно: Afrikaans) е индоевропски јазик, настанат од холандскиот јазик и класифициран како долнофранконско германски јазик. Јазикот воглавно се зборува во ЈАР и Намибија но има говорници и во Боцвана, Ангола, Свазиленд, Зимбабве, Лесото, Замбија, Аргентина и Нов Зеланд. Миграцијата на работната сила можеби има околу 100.000 говорници на африканс во Обединетото Кралство. Јазикот е мнозинство во една третина од западна ЈАР но исто така мнозински јазик во јужна Намибија. Јазикот настанал во 17 век од холандски јазик и бил познат и како африкански холандски јазик. Бил сметан за дијалект сè до 19 век кога почнал да се признава како посебен јазик и постигнал еднаков статус со холандски јазик и англиски јазик во рамките на ЈАР. Африканс и холандски јазик се многу слични речиси идентични.
Африканс | |
---|---|
Afrikaans | |
Изговор | африкаанс |
Застапен во | ЈАР, Намибија |
Подрачје | Африка |
Говорници | 6,44 милиони (како мајчин) |
Јазично семејство | Индоевропски
|
Писмо | африканска азбука |
Статус | |
Службен во | ЈАР, Намибија |
Регулативен орган | Јазична комисија за Африканс |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | af |
ISO 639-2 | afr |
ISO 639-3 | afr |
Регионите обоени со темносина боја ги претставуваат регионите каде се сконцентрирани говорниците на африканс |