Баскиски јазик
јазик на Баскијците во Баскија, на територијата на Шпанија и Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Баскиски јазик (Euskara) — изолиран јазик што го зборуваат Баските во Баскија во североисточна Шпанија и во југозападна Франција. Јазикот го зборуваат околу четвртина од Баските. Пред да се воведе во образовниот систем не бил зборуван во Алава, во западна Бискаја или во јужниот дел на Навара. Од околу 3.000.000 Баски, околу 1.063.000 луѓе го зборуваат јазикот. Од вкупниот број на луѓе што го зборуваат јазикот 566.000 живеат во шпанскиот регион на Баскија, а остатокот во Франција[2].
Баскиски јазик | |
---|---|
euskara | |
Застапен во | Шпанија, Франција |
Подрачје | поширока Баскија, баскиска дијаспора |
Народ | Баски |
Говорници | (546.000 во 1991–2012 г.) до 715.000 (2012)[1] |
Јазично семејство | |
Претходни облици: | прабаскиски
|
Дијалекти | бискајски
гипускојски
горнонаварски
наваролапурски
источнонаварски
зуберојски (сулетински)
|
Писмо | баскиска азбука (латинична) |
Статус | |
Службен во | Баскија Навара |
Регулативен орган | Кралска академија на баскискиот јазик (Еускалцаиндија) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | eu |
ISO 639-2 | baq (B) eus (T) |
ISO 639-3 | eus |
Linguasphere | 40-AAA-a |
Дијалекти на баскискиот јазик (светлообоените се изумрени). |
Стандардната форма на баскискиот јазик се вика Батуа и била создадена на крајот од XX век. Оваа стандардна верзија е воглавно користена во шпанскиот дел на Баскија. Покрај оваа стандардна верзија, има шест баскиски дијалекти: вискајски, гипускојски, горнонаварски, долнонаварски, лапурдски и зуберански (во Франција). Политичките граници не ги делат дијалектите што е случај со повеќето јазици како во Европа така и на Балканот.