Византиско-бугарски војни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Византиско-бугарски војни — низа на судири меѓу Бугарите и Византијците, кои се одвивале во текот на поголемиот дел од средниот век претежно на Балканскиот Полуостров. Конфликтите започнале откако основачите на Бугарија (Прабугарите) на чело со Аспарух се населиле во североисточниот дел на полуостровот во последната четвртина на 7 век и поминале низ неколку фази. До почетокот на 9 век државата на Аспарух и неговите наследници успеала да се наметне врз териториите на Византија и истата се наоѓала меѓу Стара Планина и долниот тек на Дунав. Во првата половина на 9 век следело брзо проширување на териториите кон југ и југозапад, повторно за сметка на Византија. Најпрвин во времето на хан Крум (владеел во 803-814), а подоцна и кај цар Симеон I (893-927), Бугарија претставувала сериозна закана за Цариград. Во текот на три века Бугарите од запад, заедно со Арапите од исток, биле најопасните непријатели на Византија. Борбата со Византијците бил важен фактор за јакнење на бугарската држава и нејзино трансформирање во централизирана монархија. Експанзијата над земјите, населени со Словени, поради успешните судири со Византијците, довело до промена не само во територијалниот, туку и во етничкиот изглед на Дунавска Бугарија.
Византиско-бугарски војни | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Прво Бугарско Царство Второ Бугарско Царство | Византија | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
• Аспарух • Тервел • Крум • Исбул • Симеон I • Ивец • Петар IV • Иван Асен I • Калојан • Теодор Светослав | Константин IV • Константин V Копроним • Никифор I • Теофил • Јован I Цимискиј • Василиј II • Јован III Дука • Михаил Глава |
Во периодот на византиското владеење (до 1186 година), Бугарите кренале неколку неуспешни востанија. Востанието на Асен и Петар во 1185/1186 година довело до создавање на Второто Бугарско Царство со седиште во Трново. Во почетокот на 13 век, во времето на цар Калојан, возобновената бугарска држава ги опфаќала повторно (како три века порано) Мизија, Тракија и Македонија, а во периодот 1204-1261 година се вмешила активно во борбата меѓу Епир, Никеја и западноевропските крстоносци за наследството на привремено уништената Византија. Од втората половина на 13 век соперништвото помеѓу Бугарите и Византијците преминало во потесен територијален опсег (Тракија), паралелно со појавата на нови регионални сили (Унгарија, Златната орда, Србија, Турците). Ова соперништво го олеснило навлегувањето на Османлиите на Балканот во средината на следното столетие, како резултат на што и Бугарија, и Византија биле покорени од Османлиите.
Според поголемиот дел од историчарите, во Византиско-бугарските војни спаѓаат и конфликтите меѓу Самоиловото Царство и Византија.