Стари Словени
From Wikipedia, the free encyclopedia
Старите Словени биле мешана група од племенски сојузи во миграцискиот период кои ги создале денешните словенски народи. Иако Словените не се спомнати до шестиот век, кога пишаните извори го споменуваат етнонимот Словен за одредена група на народи, сѐ уште, до тоа време, пишаните ресурси велеле дека Словените населувале голема територија на Централна и Источна Европа, а уште повеќе ќе се населат во следните два века. Околностите околу формирањето и територијалната експанзија на словенскиот идентитет останува тема на интензивни научни дебати. Сигурно е дека помеѓу шестиот и седмиот век, големи делови на Европа биле контролирани од Словените, процес кој е помалку разбран и документиран од тој за германската етногенеза на западот. Сепак ефектите на славизација биле повеќе инволвирани.[1]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |