Парсифал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Парсифал (германски: Parsifal) — опера на германскиот композитор Рихард Вагнер. Вагнер ја дефинирал како „“ - претстава за осветување на сцената. Првично била наменета да се изведува исклучиво во неговата оперска куќа во Бајројт во близина на Минхен. Таа била неговата последна опера, премиерно изведена на 26 јули 1882 година. Диригирал Херман Леви, пријател на Вагнер со еврејско потекло.
Парсифал Parsifal | |
---|---|
Музичка драма од Рихард Вагнер | |
Либретист | Рихард Вагнер |
Јазик | Германски |
Засновано на | Парзивал од Волфрам фон Ешенбах |
Премиера |
„Парсифал“ е заснован на средновековната легенда за Парсифал, витез на тркалезната маса. За него пишувале големите средновековни поети Кретјен де Троа и Волфрам фон Ешенбах (Вагнер го користел делото на Ешенбах како извор, кое го прочитал во 1845 година). Парсифал бил татко на уште еден легендарен витез, Лоенгрин, кого Вагнер го избрал за протагонист на неговата претходна опера.
Операта е напишана под исклучително влијание на филозофот Артур Шопенхауер и преку него, под влијание на будизмот. На овој начин во „Парсифал“ се појавуваат мотиви на самооткажување, сочувство и реинкарнација. Вагнер доста порано ја напишал скицата за операта „Победници“ (германски: Die Sieger), која за тема требало да го има животот на Буда. Опстанала и скица на опера со слична тематика, „Исус од Назарет“ (германски: Jesus von Nazareth). „Парсифал“ е и најконтроверзната опера на Вагнер, бидејќи некои автори (по Втората светска војна) сугерираат дека содржи скриени пораки на расизам и антисемитизам.
Желбата на Вагнер била „Парсифал“ да не се изведува надвор од Бајројт, не неколку десетлетија по неговата смрт од срцев удар во Венеција, на 13 февруари 1883 година, изведбата на делото престанала да биде исклучиво поврзана со Бајројт. Исто така, Вагнер ја замоли публиката да не ракоплеска на крајот од првиот чин од почит кон Светиот грал, што во раните изведби доведувало до комични ситуации, кога збунетата публика не била сигурна дали им е дозволено да ракоплескаат на крајот. на операта, па дури и го замолкнувала Вагнер, кој се обидувал со своето „Браво! “ да даде знак за аплауз.
Конечно, „Парсифал“, како последно Вагнерово дело, е и негов музички и филозофски тестамент и завештание.