Токиско небесно дрво
From Wikipedia, the free encyclopedia
Токиското небесно дрво или Токио Скајчри (東京スカイツリー, јапонски изговор Токјо Сукајцури, стилизирано на латиница TOKYO SKYTREE) ― радиодифузна и набљудувачка кула во Сумида, Токио. Таа е највисоката структура во Јапонија од 2010 г.,[3] а нејзината максимална висина (630 м) ја достигнала во март 2011 г., правејќи ја највисоката кула во светот, заземајќи го првото место од Кантонската кула,[4][5] и е втората највисока градба во светот по Бурџ Халифа (829.8 м).[6]
Токио Скајчри (Токиско небесно дрво) | |
---|---|
東京スカイツリー | |
Општи податоци | |
Статус | Завршена |
Вид | радиодифузија, ресторан и видиковец |
Стил | Нео-футуризам |
Место | Сумида, Токио, Јапонија |
Координати | 35.7101° СГШ; 139.8107° ИГД / 35.7101; 139.8107 |
Почната | 14 јули 2008 (2008-07-14) |
Завршена | 29 февруари 2012 (2012-02-29) |
Отворена | 22 мај 2012 (2012-05-22) |
Трошок за изградба | 65 милијарди ¥[1] 32,4 милијарди мкд 525 милиони € |
Сопственик | Тобу железници преку Tobu Tower Skytree Co., Ltd, сопствена ќерка фирма. |
Висина | |
Антена | 634.0 м (2,080 ст) |
Покрив | 495.0 м (1,624 ст) |
Последен кат | 451.2 м (1,480 ст) |
Технички податоци | |
Катови | 32 над земја[2] 3 под земја[2] |
Лифтови | 13 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Никкен Секкеи |
Изведувач | Тобу железници |
Главен изведувач | Обајаши корпорација |
Портал | |
tokyo-skytree.jp/en/ |
Кулата е примарна телевизиска и радиодифузна страница за Канто регионот; постарата Токио кула повеќе не дава целосна дигитална копнена телевизиска радиодифузна покриеност затоа што е опкружена со високи згради. Скајтри била завршена на престапниот ден, 29 февруари 2012 година, а за јавноста кулата била отворена на 22 мај 2012 година.[7] Кулата е центар за голем комерцијален развој финансиран од Тобу железниците (кои се сопственици на комплексот) и шесте околни копнени радиодифузери предводени од NHK. Возовите застануваат на ближната Токио Скајтри станица и следната Ошиаге станица. Комплексот е 7 км североисточно од Токио станицата.