Бурџ Халифа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бурџ Халифа (арапски: برج خليفة — Кула Халифа), порано познат како Бурџ Дубаи — облакодер во Дубаи, Обединети Арапски Емирати и е највисоката градба изградена од човекот досега. Изградбата на објектот започна на 21 септември 2004, а официјално заврши на 4 јануари 2010.[1][5]
Статус: | покриена |
---|---|
Изградбата започна: | 2004 |
Изградбата заврши: | 9 декември 2010 |
Највисока точка: | 828 m (со висина на антената)[1] |
Вид на градба: | зграда |
Број на катови: | 160[2] со 46 додатни катови[3] и два ката подземна гаража |
Површина: | 334.000 м² |
Архитект: | Skidmore, Owings and Merrill |
Локација: | Дубаи, Обединети Арапски Емирати |
Цена: | околу 1,5 милијарди $[4] |
Градбата е дел од проектот „Центарот на Бурџ Дубаи“, кој се гради на површина од 2 км2, веднаш до економскиот центар во градот, а содржи и фонтана и уште неколку впечатливи градби. Архитект на кулата е Адријан Смит, кој соработува со компанијата Skidmore, Owings and Merrill од 2006.[6][7] Оваа инженерска компанија, со седиште во Чикаго беше вклучена во спроведувањето на проектот.[6] За изградба на кулата како главен градител била ангажирана јужнокорејската компанија Samsung C&T, која била ангажирана и во изградбите на кулата Тајпеј 101 и кулите Петронас[8] Turner Construction Company била избрана за раководител на проектот[9], а компанијата Hyder Consulting за структурното и машинско инженерство. Според законите на ОАЕ, склучувачот на договорот и инженерот се заеднички одговорни и имаат обврска за изведбата на активностите во врска со изградбата на Бурџ Халифа. Поради тоа, и покрај конструкцијата од страна на компанијата Skidmore, Owings and Merrill, компанијата Hyder Consulting, правно е конструктор на градбата.