Химна на Русија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Химна на Руската Федерација (руски: Государственный гимн Российской Федерации) е државната химна на Русија.
макед. Химна на Руската Федерација | |
---|---|
Gasudarstvenny Gimn Rossiyskoy Federatsii | |
Ноти и текст на химната. | |
Државна химна на Русија | |
Текст | Сергеј Михалков |
Музика | Александар Василевич Александров |
Усвоена | 25 декември 2000 г. (музиката) 30 декември 2000 г. (текстот) |
Звучен извадок | |
Инструментална верзија. | |
Верзија е на државната химна на Советскиот Сојуз од 1944, компонирана од Александар Василевич Александров. Текстот е променет за Руската Федерација од Сергеј Михалков, кој го напишал текстот и за верзии на советската химна во 1943 и 1977. Промената никаде не ги споменува идеите на Владимир Ленин и „нераскинливиот сојуз“ на Советската држава, а наместо тоа се задржува на земјата којашто е огромна и богата во ресурси.
Химната е ставена во употреба од доцната 2000 од претседателот Владимир Путин и ја заменила „Патриотската песна“, којашто била официјалната химна од 1990. Пред и по донесувањето на новата химна, либерални групи развиле грижи дека враќањето на советската химна ја враќа Русија во советската ера.