Владимир Путин
руски политичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Владимир Владимирович Путин (руски: Влади́мир Влади́мирович Пу́тин; р. 7 октомври 1952 година) — руски политичар и моментален претседател на Русија од 7 мај 2012 година. Путин претходно бил претседател во периодот од 2000 до 2008 година и премиер на Русија во периодот од 1999-2000 и 2008-2012 година. Путин исто така е претседател на партијата Единствена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.
Владимир Путин | |
---|---|
Претседател на Русија | |
На должноста | |
Стапил 7 мај 2012 | |
Премиер | Виктор Зубков Димитриј Медведев Михаил Мишустин |
Претходник | Димитриј Медведев |
На должноста 31 декември 1999 – 7 мај 2008 31 декември 1999 – 7 мај 2000 | |
Премиер | Михаил Касјанов Виктор Христенко Михаил Фрадков Виктор Зубков |
Претходник | Борис Елцин |
Наследник | Димитриј Медведев |
Премиер на Русија | |
На должноста 8 мај 2008 – 7 мај 2012 | |
Претседател | Димитриј Медведев |
Заменик | Игор Шувалов |
Претходник | Виктор Зубков |
Наследник | Виктор Зубков (Acting) |
На должноста 9 август 1999 – 7 мај 2000 9 август 1999 – 16 август 1999 | |
Претседател | Борис Елцин |
Заменик | Виктор Христенко Михаил Касјанов |
Претходник | Сергеј Степашин |
Наследник | Михаил Касјанов |
Претседавач на Советот на министри на Русија-Белорусија | |
На должноста | |
Стапил 27 мај 2008 | |
Претходник | нема |
Генерален секретар на Единствена Русија | |
На должноста | |
Стапил 1 јануари 2008 | |
Претходник | нема |
Претседател на Единствена Русија | |
На должноста 1 јануари 2008 – 30 мај 2012 | |
Претходник | Борис Гризлов |
Наследник | Димитриј Медведев |
Директор на ФСБ | |
На должноста 25 јули 1998 – 29 март 1999 | |
Претседател | Борис Елцин |
Претходник | Николај Ковалов |
Наследник | Николај Петрушев |
Лични податоци | |
Роден(а) | Vladimir Vladimirovich Putin 7 октомври 1952(1952-10-07) (71 г.) Ленинград, Советски Сојуз |
Партија | КПСС (пред 1991) Наш дом - Русија (1995 – 1999) Единство (1999 – 2001) независен (1991 – 1995; 2001 – 2008) Единствена Русија (2008–денес) |
Сопружник | Људмила Путина |
Деца | Марија Екатерина |
Установа | Ленинградски универзитет |
Вероисповед | Руска православна црква |
Потпис | |
Портал | Матична страница |
Воена служба | |
Припадност | СССР |
Род | КГБ |
Траење | 1975 – 1991 |
Чин | подполковник |
Во времето на комунизмот, Путин шеснаесет години бил агент во КГБ, каде по распаѓањето на Советскиот Сојуз влегол во политиката во Санкт Петербург во 1991 година. Во 1996 година се преселил во Москва и се приклучил кон администрацијата на Борис Елцин, каде на 31 декември 1999 година станал вршител на должноста претседател, кога Елцин неочекувано поднел оставка. Во 2000 година Путин победил на изборите и бил реизбран во 2004 година. По крајот на мандатот, тој немал право на трет последователен мандат, па во 2008 година новиот претседател Димитриј Медведев го избрал за премиер на земјата. Во септември 2011 година, Медведев го предложил Путин за претседателски кандидат, кое довело до протести во неколку руски градови. Тој во март 2012 година победил на изборите, каде според новиот устав неговиот мандат ќе биде шест години.[1][2].
Путин е заслужен за враќањето на политичката стабилност и економскиот развој на Русија, која била во голема економска криза во деведесеттите години[3][4]. Во текот на првите девет години од неговото претседателствување (1999-2008) реалниот приход се зголемил за 2,5 пати, а платите трипати повеќе. Првиот мандат на Путин било одбележано со висок економски раст. БДП се зголемил за 72%.[5][6][6][7][7][8][9][10]. Овие успеси се препишуваат главно поради добрата макроекономска политика, фискалните реформи, зголемувањето на капиталните приливи како и петпати зголемената цена на нафтата и гасот кои го сочинуваат поголемиот дел од рускиот извоз[11][12][13][14].
Како претседател на Русија, Путин донел закон за рамен данок на доход од 13%. Како премиер вовел големи воени реформи и реформи во полицијата. Неговата енергетска политика ја потврдило позицијата на земјата како енергетска велесила.[15][16]. Освен тоа, Путин поддржал и развој на јадрената и одбранбената индустрија. Порастот на странските инвестиции[17] донел до голем економски развој во индустрии како авртомобилската на пример. Развојот на земјата во неговиот мандат вклучува изградба на цевководи, реставрација на сателитскиот систем за навигација ГЛОНАСС, и изградба на инфраструктура за меѓународни настани.
Во Русија, водството на Путин претежно ужива голема популарност, со генерално висок рејтинг[18]. Според некои, голем дел од неговите дела се одликувале како недемократски[19]. Најголема критика врз Путин доаѓа од западните земји. Некои критичари Путин го опишуваат како диктатор,[20][21][22], кое Путин категорично го негира.