К-поп
From Wikipedia, the free encyclopedia
К-поп (K-pop „кеј-поп“, кратенка од англ. Korean pop;[1] корејски: 가요 кајо[2]) — музички жанр кој опфаќа многу стилови на јужнокорејската поп-музика,[3] вклучувајќи различни правци на денс-музиката, електропоп, хип-хоп и современ ритам и блуз.
K-pop | |
---|---|
Стилско потекло: | денс-музика, електронска музика, синтисајзерски поп, хип-хоп, рок, современ ритам и блуз |
Културно потекло: | Јужна Кореја, почетокот на 1990-тите |
Својствени инструменти: | вокал, рап, драм-машина, тапани, бас, клавијатури, пијано , семплер, секвенсер, синтисајзер, вокодер, Auto-Tune, од време на време употребата на разни други инструменти, како лимени дувачки и гудачки |
Популарен: | во цела Источна Азија |
Според еден од авторите на американското музичко списание Ролинг стоун, K-pop е „смеса од модната западна музика и високоенергетски јапонски поп“ (J-pop), која „лови глави на слушатели со повторливи закачливи фрази, понекогаш на англиски јазик“. K-pop „вклучува спојување на стилови, како со пеење тако и со рап, и места посебен акцент на перформанси и силни визуелни ефекти“.[1]
K-pop не е само музика, K-pop станал субкултура која е популарна меѓу младите луѓе во целиот свет. Благодарение на интернетот и пристапот до дигитални содржини, K-pop достигнува до неверојатно широка публика.[4]