Public Enemy
американска хип-хоп група / From Wikipedia, the free encyclopedia
Public Enemy ― американска хип хоп група формирана од Чак Ди и Флејвор Флејв на Лонг Ајленд, Њујорк, во 1985 година.[2] [3] Групата станала позната по нивните политички мотивирани пораки во стиховите, а неретко тематиката на песните се однесувала на американскиот расизам и американските медиуми.
Public Enemy | |
---|---|
Public Enemy на настап во 2000 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лонг Ајленд, Њујорк, САД |
Жанрови |
|
Период на активност | 1985–денес |
Издавачи | |
Соработници |
|
Мреж. место | publicenemy.com |
Public Enemy често го менувале составот, а Чак Ди и Флејвор Флејв биле единствени постојани членови. Во 2020 година, било објавено дека Флејвор Флејв е отпуштен од групата.[3] Отпуштањето било рекламен трик и групата рекла дека се работи за првоаприлска шега.[4] [5] Public Enemy, без Флејвор Флејв, исто така снимала музика и била на турнеи под името Public Enemy Radio.
Критичарот Стивен Томас Ерлевин ги нарекол „највлијателна и најрадикална група во нивно време“.[6] Тие биле примени во Куќата на славата на рокенролот во 2013 година,[7] а во 2020 година ја добиле Греми наградата за животно дело.