R.E.M.
американска алтернативна рок-група / From Wikipedia, the free encyclopedia
R.E.M. (на македонски се изговара како: Ар-и-ем) ― американска рок-група основана во 1980 г. во Атина, Џорџија. Групата ја основале тапанарот Бил Бери, гитаристот Питер Бак, басистот Мајк Милс и главниот вокал Мајкл Стајп; сите биле студенти на Универзитетот во Џорџија. Како една од првите алтернативни рок-групи, R.E.M се истакнувала по арпеџо-стилот на свирење гитара од страна на Бак; карактеристичниот гласовен квалитет, уникатното сценско присуство и загадочниот текст на песните од страна на Стајп; мелодичниот придружен вокал на Милс; и економичниот стил што го практикувал Бери на тапаните. На почетокот од 1990-тите, другите алтернативни рок-групи како Нирвана и Pavement сметале дека R.E.M. се пионери во жанрот. Откако во 1997 година Бери ја напуштил групата, другите членови ја продолжиле својата кариера во 2000-тите со мешан критички и комерцијален успех. Групата пријателски се распаднал во 2011 година, а членовите почнале да се бават со соло-кариера. R.E.M. продала преку 90 милиони албуми и е една од најпродаваните музички изведувачи во светот.
R.E.M. | |
---|---|
R.E.M. на концерт во Падова во 2003 година. Од лево кон десно: Мајк Милс (делумно исечен), Мајкл Стајп , турнејскиот тапанар Бил Рифлин и Питер Бак | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | |
Потекло | Aтина (Џорџија), САД |
Жанрови |
|
Период на активност | 1980–2011 |
Издавачи |
|