Астеносфера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Астеносфера (од старогрчки: ἀσθενός, астенос - „бессилен“) — механички слаб[1] слој на горниот плашт на Земјата. Лежи под литосферата, на 80 до 200 км под површината, и достигнува длабочина сè до 700 км. Сепак, долната граница на астеносферата не е добро определена.
Астеносферата е речиси цврста, но малото топење (помалку од 0,1 % од карпата) придонесува кон нејзината механичка слабост. Поголемо декомпресиско топење на астеносферата се одвива кога таа се издига нагоре, и ова е најважниот извор на магма на Земјата. Тоа е извор на средноокеанскогребенски базалт и некои магми избувнати над субдукциски подрачја или во подрачја на континентално цепење.