Вајгач
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вајгач (руски: Вайга́ч; ненецки: Хэбиди) — остров во Северноледениот Океан помеѓу Печорското и Карското Море.
Кратки факти Вайга́чХэбиди, Географија ...
Вайга́ч Хэбиди | |
---|---|
Вајгач и Нова Земја | |
Географија | |
Место | Северноледен Океан |
Координати | 69°59′49″N 59°34′44″E |
Површина | 3.383 км2 |
Должина | 100 км |
Ширина | 45 км |
Највисоко издигнување | 170 м |
Највисока точка | Болванскаја |
Управување | |
Русија | |
Област | Архангелска |
Округ | Ненецки автономен |
Затвори
Одделен е од Југорскиот Полуостров на копното со Југорскиот Теснец, и од Нова Земја протокот Карска Врата. Островот административно влегува во состав на Ненецкиот автономен округ во состав на Архангелската област, Русија.
- Површина: 3.383 км2
- Должина: ~ 100 м
- Ширина: до 45 км
- Прос. температура: -20 °C (февруари), 5 °C (јуни)
- Највиска точка: 170 м
Островот геолошки се состои претежно од агрилитни шкрилци, песочник и варовник. Има многу реки, долги по 20-40 км, мочуришта и помали езера. Во пределите преовладува тундрата, а долж подолгата страна се издигаат мали карпести сртови, наместа со ниски карпести возивишенија. На карпите често се забележува мраз, кој е веројатно морски, а не леднички. Денес е населено само местото Варнек (106 жители).[1]