Дијалектологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дијалектологија[1][2] (грч. dialektos= говор, зборување, logos= наука) — гранка на лингвистиката која се занимава со проучување на дијалектите на одделни јазици. Задача на дијалектологијата е да ги открива и проучува законитостите на настанокот на дијалектите и да го следи нивниот развој. Дијалектологијата може да ја проучува историската перспектива на дијалектите или нивната современата состојба. Таа го прикажува севкупниот преглед на фонетскиот и акцентскиот систем, морфологијата, синтаксата и лексиката на дијалектите. Историскиот и современиот пристап кон проучувањето на дијалектите се заемно поврзани т.е. при современо проучување на дијалектите секогаш се зема предвид историскиот фактор и обратно.