Имануел Кант
From Wikipedia, the free encyclopedia
Имануел Кант (гер. Immanuel Kant; 22 април 1724 - 12 февруари 1804) — германски филозоф од Прусија, еден од највлијателните европски мислители и последниот голем филозоф на просветителството. Тој е еден од најзначајните претставници на западната филозофија. Неговата Критика на чистиот ум (Kritik der Reinen Vernunft), означува пресвртница во историјата на филозофијата и почеток на модерната филозофија. Не само во теоријата на познанието, но исто така и во етиката и естетиката со дела како Критика на практичниот ум и Критика на моќта на судењето, но и со одредени списи поврзани со религијата и правото, создава нова сеопфатна перспектива во филозофијата.
Кратки факти Имануел Кант, Роден(а) ...
Имануел Кант | |
---|---|
Имануел Кант | |
Роден(а) | 22 април 1724 Кенигсберг, Прусија |
Починал(а) | 12 февруари 1804(1804-02-12) (возр. 79) Кенигсберг, Прусија |
Период | Просветителство |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Кантијанство, просветителска филозофија |
Претежна дејност | Епистемологија, метафизика, етика, логика |
Значајни идеи | категоричен императив, Трансцендентален идеализам, синтетичко априори, нуменон, Sapere aude, маглинска хипотеза |
Потпис | |
Затвори