Календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Календар е систем за организирање на деновите со општествени, религиозни или административни цели. Ова се прави со тоа што им се даваат имиња на одредени временски периоди, денови, недели, месеци и години. Месеците и годините најчесто се во склад со движењето на Сонцето и Месечината. Повеќето цивилизации својот календар го направиле со приспособување на постар модел на календар, преземен од друг народ.
Зборот календар доаѓа од латинскиот kalendae, што било назив за првиот ден од секој месец.[1]