Летни олимписки игри 2008
From Wikipedia, the free encyclopedia
Летните олимписки игри 2008, официјално познати како Игри на XXIX олимпијада се одржаа со почеток на 8 август 2008, до 24 август 2008, со церомонијата на свечено отворање којашто започна во 08:08:08 попладне (кинеско централно време) (12:08:08 UTC) на Националниот стадион во Пекинг, Народна Република Кина. Некои настани се одржаа надвор од Пекинг, меѓу кои се фудбалското натпреварување (во Чинхуангдао, Шангај, Шенјанг и Тиенџин), јавачкато натпреварување (во Хонгконг) и натпреварувањето во едрење (во Чингдао). Со ова, по третпат едни Олимписки игри се одржаа под јурисдикцијата на два различни олимписки комитета (Хонгконг и Кина се натпреваруваат одделно).
Игри на XXIX олимпијада | |
同一个世界同一个梦想 (Еден свет, Еден сон) Амблемот „разиграниот Пекинг“, | |
---|---|
Град домаќин | Пекинг, Кина |
Број на држави | 205 |
Број на спортисти | 11.028 |
Број на спортови | 28 |
Број на натпревари | 302 |
Отворање | 8 август 2008 |
Затворање | 24 август 2008 |
Стадион | Национален стадион - Пекинг 北京國家體育場 (трад.) 北京国家体育场 (упрост.) |
Организацијата на Олимписките игри беше доделена на градот Пекинг, Народна Република Кина по гласањето на Меѓународниот олимписки комитет на 13 јули 2001. Официјалното лого на игрите, со наслов „Разиграниот Пекинг“, прикажува стилизиран кинески калиграфски симбол, „џинг“(京, со значење главен град), што претставува референца на градот домаќин. Маскотите на Пекинг 2008 се пет „Фува“ (кинески:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), секоја обоена во една од боите на Олимписките прстени. Олимпискиот слоган, Еден свет, Еден сон, го повикува светот да се обедини во олимпискиот дух. Атлетите ќе се натпреваруваат во 302 натпреварувања во 28 спортови, само еден натпревар повеќе од распоредот на игрите од Атина 2004. Неколку нови национални олимписки комитети се препознаени од МОК.
Кинеската влада ги промовираше игрите за да го истакне кинеското пробивање на светската сцена.[1][2] Постоеја големи грижи од евентуалното бојкотирање на Олимпијадата од страна на поголемите нации во протест на кинеските акции во Тибет.[3][4][5] Порано во 2007, поранешниот претседател на MOK, Хуан Антонио Самаранч, изјавил дека верува во игрите на 2008 Пекинг, кои можат да бидат, по негово мислење, „најдобри во олимписката историја.“ [6]