Лиз Трас
британска политичарка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мери Елизабет Трaс (правилен изговор: Чрас) (родена на 26 јули 1975 година) ― британски политичар која служела како премиер на Обединетото Кралство и водач на Конзервативната партија од септември до октомври 2022 година. На нејзиниот педесетти ден на функцијата, таа се повлекла среде владина криза,[1][2] со што станала премиер со најкраток стаж во историјата на Обединетото Кралство.[3] Трас претходно имала различни функции во кабинетот под премиерите Дејвид Камерон, Тереза Меј и Борис Џонсон, последно како секретар за надворешни работи од 2021 до 2022 година. Била член на парламентот (пратеник) за Југозападен Норфолк од 2010 година.
Лиз Трас | |
---|---|
Премиер на Обединетото Кралство | |
На должноста 6 септември 2022 – 25 октомври 2022 | |
Монарх | |
Заменик | Тереза Кофи |
Претходник | Борис Џонсон |
Наследник | Риши Сунак |
Лични податоци | |
Роден(а) | Мери Елизабет Трас 26 јули 1975(1975-07-26) (48 г.) Оксфорд, Англија |
Партија | Конзервативна (од 1996) |
Други припадности | Либерални демократи (од 1996) |
Сопружник | Хју О'Лири (в. 2000) |
Деца | две |
Образование | Мертонов колеџ, Оксфорд (Дипломец по уметности) |
Потпис | |
Портал | Матична страница |
Трас изучувала на Мертоновиот колеџот во Оксфорд и била претседател на Либералните демократи на Оксфордскиот универзитет.[4] Во 1996 година, таа се приклучила на Конзервативната партија.[5] Работела во Shell plc и Cable & Wireless, и била заменик директор на аналитичкото средиште Реформа. По два неуспешни обиди да биде избрана во Долниот дом, таа била избрана за пратеник за Југозападен Норфолк на Општите избори во ОК во 2010 година.[6] Како бесресорец, таа повикувала на реформи во неколку области на политиката, вклучувајќи ја грижата за децата, математичкото образование и економијата. Трас ја основала групата Групација за слободни претпријатија на тачерски конзервативни пратеници и напишала или сонапишала голем број трудови и книги, вклучувајќи ja „После Коалицијата“ (2011) и „Отковена Британија“ (2012).
Трас служела како парламентарен потсекретар за грижа за децата и образованието од 2012 до 2014 година, пред Камерон да ја назначи за државен секретар за животна средина, храна и рурални прашања во неговата реконструкција на кабинетот во 2014 година. Иако ја поддржала кампањата „Британија посилна во Европа“ за останување на Обединетото Кралство во Европската унија, Трас го поддржала Брегзит по исходот од референдумот во 2016 година. По оставката на Камерон во 2016 година, неговата наследничка Меј ја назначила Трас за државен секретар за правда и лорд канцелар, со што Трас станала првата жена што служела како лорд канцелар во илјадагодишната историја на канцеларијата. По општите избори во 2017 година, Трас била назначена за главен секретар на Министерството за финансии. Откако Меј поднела оставка во 2019 година, Трас ја поддржала успешната кандидатура на Џонсон да стане конзервативен водач и премиер, по што ја назначил Трас за државен секретар за меѓународна трговија и претседател на Одборот за трговија во јули 2019 година, таа потоа ја презела дополнителната улога на министер за жени и еднаквости во септември 2019 година. Џонсон ја промовирал Трас во министер за надворешни работи во реконструкцијата на кабинетот во 2021 година. За време на нејзиното работно место, Трас била сопретседавач со Партнерскиот совет помеѓу Европската унија и Обединетотот Кралство, ги водела преговорите за протоколот за Северна Ирска и била вклучена во одговорот на Кралството на Руската инвазија на Украина во 2022 година.
Трас го победила Риши Сунак на изборите за водство на Конзервативната партија за да го наследи Џонсон, кој поднел оставка среде претходната владина криза. Трас била назначена за премиерка од кралицата Елизабета Втора два дена пред смртта на влатеделот. За да се справи со тековната криза на трошоците за живот и кризата во снабдувањето со енергија, владата на Трус објавила Гаранција за цената на енергијата за ограничување на цените на енергијата за домаќинствата, бизнисите и организациите од јавниот сектор. Нејзината влада тогаш најавила големи задолжувања и даночни намалувања во мини-буџетот, кој бил широко критикуван и во голема мера обратен, што доведе до финансиска нестабилност. Соочена со зголемени критики и губење на довербата во нејзиното раководство, Трас ја објавила својата оставка како водач на Конзервативната партија;[7] Сунак бил избран без противници за нејзин наследник,[8] и ја заменил како премиер.[9] Трас останува во Долниот дом како бесресорец.