Рамсарска конвенција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рамсарска конвенција (полн назив: „Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици“) — меѓународен договор за заштита и одржливо користење на водните живеалишта (моклишта)[1] со цел да се спречи нивното уништување и да се нагласи нивната еколошка стопанска, културна, научна и рекреативна вредност. Наречена е по градот Рамсар во Иран, каде е потпишана во 1971 г.
Кратки факти Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици', Потпишан ...
Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици' | |
---|---|
Лого | |
Потпишан | 2 февруари 1971 |
Место | Рамсар, Иран |
На сила од | 21 декември 1975 |
Услов | Ратификација од 7 држави |
Странки | 168 |
Чувар | Ген. директор на УНЕСКО |
Јазици | англиски, француски, германски и руски |
Затвори
Македонија има две рамсарски места: Преспанското и Дојранското Езеро.[2] Во 1994 г. е основан и Македонскиот рамсарски комитет.[3]