Сан Марино
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сан Марино (италијански: San Marino) или официјално Најспокојна Република Сан Марино [6] (италијански: Serenissima Repubblica di San Marino) е држава на Апенинскиот Полуостров во јужниот дел на Европа. Сан Марино е држава без излез на море и е енклава во Италија, односно целосно е опколена со италијанска територија. Вкупната површина на Сан Марино изнесува 61 километар квадратен и има население од околу 30.000 жители. Главениот град на државата го носи истото име, односно град Сан Марино. Сан Марино е една од најмалите независни држави во Европа и има најмалку жители од сите членки на Советот на Европа.
Најспокојна Република Сан Марино Serenissima Repubblica di San Marino
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Libertas (латински) "Слобода" |
||||||
Химна: Inno Nazionale della Repubblica Државна химна на Републиката |
||||||
Местоположбата на Сан Марино (зелена) на Европскиот континент (темнозелена) — [Легенда] |
||||||
Главен град | Сан Марино 43°56′N 12°26′E | |||||
Најголем град | Догана | |||||
Службен јазик | италијански | |||||
Народности | Санмаринци, Италијанци | |||||
Демоним | Санмаринец | |||||
Уредување | парламентарна република | |||||
• | Главен регент | Марко Конти Глауко Сансовини |
||||
Независност | од Римско Царство | |||||
• | Датум | 3 септември 301 (традиционално) | ||||
• | Устав | 8 октомври 1600 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 61,2 км2 [1](221-ва) | ||||
• | Вода (%) | 0 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 30 јуни 2009 г. | 31.434[2] (209-та) | ||||
• | Густина | 501 жит/км2 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | 1.17 милијарди долари[3][4] (177-ма) | ||||
• | По жител | $35.928[3][4] (24-та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | 1.44 милијарди долари[3][4] (163-та) | ||||
• | По жител | 44.208 долари[3][4] (15-та) | ||||
Валута | Евро (EUR ) |
|||||
Часовен појас | СЕВ (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .sm | |||||
Повик. бр. | +378 | |||||
Светец заштитник | Света Агата | |||||
[1][5] |
Сан Марино тврди дека е најстара документирана независна уставна република во светот. Независноста на Сан Марино започнала со основање на манастирска заедница предводена од Свети Марин на 3 септември 301 година. Марин го напуштил Раб, тогашна римска покраина на Арба, во 257 година кога тогашниот иден император Диоклецијан издал декрет за реконструкција на градските ѕидини на Римини кои претходно биле уништени од лубурниските пирати.[7]
Уставот на Сан Марино е усвоен во 1600 година и е најстар устав кој е сè уште на сила.[8] Економијата на државата воглавно зависи од туризмот. Поради малобројноста на населението, Сан Марино е една од најбогатите држави во светот според БНП по глава на жител. Економскиот статус на Сан Марино се смета за доста стабилен, без национални задолжувања и буџетски недостатоци.[1]