Светлосна година
единица за должина и растојание еднаква на патот што го изминува светлината за една година / From Wikipedia, the free encyclopedia
Светлосна година или светлинска година (симб. сг, меѓун. ly) — мерна единица за растојание (оддалеченост) во астрономијата, еднаква на околу 10 билиони километри.[б 1] По дефиницијата на Меѓународниот астрономски сојуз (IAU), една светлосна година е растојанието што светлината ќе го помине во вакуум за една јулијанска година.[1]
Кратки факти Светлосна година, Мерен систем ...
Светлосна година | |
---|---|
Мерен систем | астрономски единици |
Единица за | должина |
Ознака | сг, ly |
Претворање на единици | |
1 светлосна година во ... | ... е еднакво на ... |
SI | 9,4607⋅1015 м |
други астрономски | 6,3241⋅104 ае |
единици | 0,3066 пс |
Затвори
Оваа единица најчесто се користи за изразување на оддалеченоста на ѕвезди и други објекти во галактички размер, особено во нестручната и популарнонаучна литература. Стручњаците од полето на астрометријата обично ја користат единицата парсек (симбол: пс или pc), која е приближно еднаква на 3,26 светлосни години и претставува растојанието на кое една астрономска единица зафаќа агол од една лачна секунда).[1]