Таан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Таан - блискоисточен зачин направен од препечен мелен излупен сусам.[1] Се служи само (како макало) или како главна состојка во хумусот, баба ганушот и таан-алвата.
Кратки факти Вид, Регион или држава ...
Таан покрај лимон и цел лук | |
Вид | намаз или макало, состојка или фил во други јадења |
---|---|
Регион или држава | Западна Азија, Источно Средоземје, Јужен Кавказ, делови од Северна Африка |
Главни состојки | семе од сусам |
Cookbook: Таан на Викикниги
|
Затвори
Таанот се користи во кујните на Левант и Источното Средоземје, Јужен Кавказ, како и делови од Северна Африка. Пастата од сусам (иако не се нарекува таан) се користи и во некои кујни од Источна Азија.