Тарашкевица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тарашкиевица или Белоруски класичен правопис[1][2][3] (белоруски: тарашкевіца, клясычны правапіс[4][5][6]) е правописна варијанта на белорускиот јазик, која е заснована на современиот белоруски јазик. Оваа прва стандардизирана форма на јазикот била направена од Бранислав Тарашкиевич во 1918 година и била во официјална употреба во Белорусија сè до белоруската правописна реформа од 1933 година.[7][8][9][10][11][12][13][14][15][16] Од 1933, Тарашкиевицата била неформално користена во Белорусија и од белоруската дијаспора. Во потесна смисла на зборот, Тарашкиевицата се смета за јазична норма.[17][18]
Името потекнува од презимето на Бранслав Тарашкиевич и се користи за да се истакне сличноста со работата на Тарашкиевич и се претпоставува дека овој поим се појавил пред Втората светска војна.[10] Во 1994 година била воведена друга терминологија, класичен правопис, од страна на Винцик Вјачорка, кој е промотор и автор на современата кодификација на тарашкиевицата.[19] Во 2005 година со објавувањето на „Белорускиот класичен правопис“, современата кодификација на нормата била направена. Во 2007 година тарашкиевицата добила свој интернет код, tarask, односно целосниот код be-tarask.[20]