Белоруски дијалекти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Белоруските дијалекти, или дијалектите на белорускиот јазик, се поделени на две основни групи: североисточни и југозападни дијалекти. Овие две групи се поделени меѓусебе од среднобелоруските дијалекти. Дијалектите на белорускиот јазик се разликуваат еден од друг по акањето, присуството на тврдото „р“ во сите позиции, или во одредени ситуации, или мешањето на тврдото „р“ со мекото, присуството или отсуството на дифтонзи, ѕекање и цекање, мешање на „ч“ и „ц“ и така натака. Некои од дијалектите претставуваат преодни говори кон соседните украински или руски дијалекти.
Огромен придонес кон изучувањето на особините на белоруските говори дал академикот на Руската императорска академија Ефимиј Фјодорович Карски. По завршувањето на Втората светска војна, Институтот за лингвистика при Националната академија на Белорусија, заедно со Белорускиот државен универзитет и Педагошкиот институт на Белорусија организирале подробно и систематско изучување на белоруските дијалекти во границите на Република Белорусија. На основа на собраните материјали бил составен подетален „Дијалектолошки атлас на белорускиот јазик“[2], „Лингвистичка географија и групирање на белоруските говори“[3], не сите јазици во светот и не сите јазици во Европа имаат таква подробно зацврстување на научниот труд во областа на дијалектологијата.