Белоруски јазик
источнословенски јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Белорускиот јазик (кирилица: беларуская мова, латиница: biełaruskaja mova) или поретко именуван како белорутенски јазик, е источнословенски јазик и мајчин јазик на Белорусите. Белорускиот јазик е службен јазик во Белорусија, каде се наоѓаат најголемиот број белоруски говорници, но јазикот се зборува и во Русија, Полска, Украина и меѓу останати белоруски заедници во дијаспората.[2] Белорускиот јазик се служи со белоруската азбука која е заснована на кирилицата, но јазикот може да се пишува и со латиничната белоруска азбука. Овој јазик го зборуваат од 4 до 9 милиони жители во светот. Белорускиот јазик споделува јазични одлики со рускиот и украинскиот јазик.
Белоруски јазик | |
---|---|
беларуская мова | |
Изговор | беларускаjа мова |
Застапен во | Белорусија, Полска и во белоруската дијаспора |
Говорници | 4 до 9 милиони |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | белоруска азбука |
Статус | |
Службен во | Белорусија и неколку општини во источна Полска[1]
Малцински јазик: Украина |
Регулативен орган | Национална академија на науките на Белорусија |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | be |
ISO 639-2 | bel |
ISO 639-3 | bel |
Според пописот во Белорусија од 1999 година, белорускиот јазик е „јазик кој се зборува дома“ од околу 3.686.000 белоруски граѓани или 36.7% од вкупното население.[3] Според истиот попис, 85.6% или 6.984.0000 од Белорусите се изјасниле дека белорускиот им е мајчин јазик. Според други извори, 6.715.000 луѓе во Белорусија и 9.081.102 во остатокот од светот зборуваат белоруски.[4] Според истражување извршено од белоруската влада во 2009 година, 72% од Белорусите зборуваат руски по дома, додека белорускиот се зборува од само 11.9%. Според истото истражување, 29.4% од Белорусите можат да пишуваат, читаат и зборуваат белоруски, додека остатокот можат само на читаат и зборуваат белоруски.